Манчестер сити 12-ти пат во низа го победи Арсенал во првенството на Англија и му покажа зошто Граѓаните доминираат во Премиер лигата во последните неколку сезони. На дуелот во Манчестер, домаќинот победи лесно со 4:1 и сега е многу блиску до одбрана на тронот во шампионатот.
Сити моментално има 73 бода од 31 натпревар и заостанува два бода зад лидерот Арсенал, но Топчиите до 75 бода стигнаа од 33 одиграни средби. Токму затоа, иако Сити е втор на табелата, тимот на Пеп Гвардиола е огромен фаворит за освојување на титулата.
Според последните пресметки на Опта статистик, шансите за Манчестер сити да биде првак оваа сезона се зголемија на 92,1 отсто. Останатите 7,9 отсто шанси за титула одат на сметка на Арсенал, но Топчиите со 91,2 отсто на крајот ќе бидат втори.
Во овие калкулации, направени се пресметки за тоа како сите клубови ќе завршат на крајот од сезоната, па речиси е сигурно дека Манчестер јунајтед ќе биде трет или четврти на крајот, што значи дека ќе обезбеди место во Лигата на шампионите. Големи шанси за такво нешто има и Њукасл, додека за Ливерпул дури 58 отсто шанси се даваат дека на крајот ќе биде на петтото место.
92.1% – Following tonight’s 4-1 win against Arsenal, our predictor gives Manchester City a 92.1% chance of winning the Premier League this season. Decider? pic.twitter.com/UIJcTe1vgz
— OptaJoe (@OptaJoe) April 26, 2023