Сити експресно ги инвестираше парите од продажбата на Жезус

Манчестер сити е на прагот да го осигура третото летно засилување по Ерлинг Халанд и Хулијан Алварес. Станува збор за играчот за врска на Лидс јунајтед, Калвин Филипс, во кого Пеп Гвардиола гледа како замена за Фернандињо.

Трансферот ќе изнесува 45 милиони фунти, односно 42 кеш, а три милиони фунти ќе се доплатат во одредени бонуси. Англискиот репрезентативец ќе потпише четиригодишен договор откако ќе ги комплетира медицинските прегледи кои се предвидени за идната недела.

На овој начин Граѓаните ги инвестираа парите од продажбата на Габриел Жезус за помалку од 24 часа откако стана јасно дека Бразилецот се сели во редовите на Арсенал.

Од „Етихад“ наскоро треба да замине и Рахим Стерлинг, кој е најблиску до транфер во Челзи, а потоа англискиот првак веројатно ќе тргне по уште еден голем трансфер. Се шпекулира дека Сити е загреан и за Жоао Феликс, трансфер кој би надминал 100 милиони евра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести