20.8 C
Skopje
среда, 6 август 2025

Сити го доведе Халанд, но има список на којшто има уште нови играчи

Манчестер сити го одбрани тронот во Англија, но повторно не успеа во Лигата на шампионите. Тоа е знак дека се потребни нови квалитетни фудбалери, па Граѓаните не чекаа многу и веќе добија едно екстра квалитетно засилување доведувајќи го Ерлинг Халанд од Борусија Дортмунд.

Освен Халанд, нападот на Сити се засили и со Хулијан Алварез, кој е можеби најдобриот фдубалер во Јужна Америка за минатата сезона. Со овие двајца фудбалери, Граѓаните сигурно ќе имаат уште поопасен напад, но тука нема да биде крајот на купувањето во летниот преоден рок.

Претседателот на клубот, Калдон Ал Мубарак, најави нови засилувања на повеќе позиции. Се очекува засилување да има во средниот ред, каде што ќе си замине Фернандињо, а наследник на Бразилецот треба да биде Калвин Филипс. Се спомнуваат и капитенот на Саутхемптон, Џејмс Ворд-Прауз, и Мејсон Маунт од Челзи.

Освен Фернандињо, од Сити летово се очекува да си заминат и Габриел Жезус, Рахим Стерлинг, Илкај Гундоган и Ријад Марез, што значи дека Граѓаните треба да имаат уште едно жешко шопинг лето.

- Оглас -

Најнови вести