Убедливата победа со 4:0 на Манчестер сити на гостувањето кај Слован Братислава имаше и посебна тежина и значење. Овој триумф на англискиот првак беше доволен за Граѓаните да израмнат еден важен рекорд во Лигата на шампионите, и тоа кој е во сопственост на нивниот градски ривал Манчестер јунајтед.
Сити стигна до низа од 25 меча без пораз во Лигата на шампионите, колку што имаше и Манчестер јунајтед, кој е сопственик на овој рекорд. Во оваа низа од 25 натпревари, Сити има 18 победи и само седум нерешени дуели.
Во следното коло Сити на свој терен игра против Спарта Прага и ако англискиот првак не загуби на тој дуел, ќе биде поставен нов рекорд во Лигата на шампионите по бројот на одиграни средби без пораз.
Manchester City are now unbeaten in their last 25 UCL games (W17 D8)
This matches the record for the longest ever unbeaten run in the competition, drawing level with Manchester United.
Manchester is… pic.twitter.com/KL092SCQ5g
— Squawka (@Squawka) October 1, 2024