Сити го победи Баерн и покажа зошто е европски првак (Видео)

Манчестер сити со 2:1 го победи Баерн Минхен во пријателски меч одигран попладнево во Јапонија. За Сити ова беше трета победа во третиот контролен меч во летната предсезона.

Граѓаните поведоа со голот на Џејмс Мекате во 21 минута, откако младиот 20-годишен напаѓач истористи една одбиена топка и без многу проблеми ја смести во голот на противникот.

На почетокот на второто полувреме, двете екипи целосно ги сменија составите на теренот, кога и беа промовирани неколку млади фудбалери во двата таботи. Баерн не се предаде и во 81 минута, тинејџерот Матис Тел погоди, откако претходно Едерсон одбрани. Бразилскиот голман беше единствениот кој ги одигра сите 90 минути на овој меч.

Радоста на Баерн кратко траеше. Во 86 минута по еден изведен корнер, Лапорт успеа по втор пат да донесе радост на Сити, што на крајот се покажа и како клучно за триумф од 2:1.

- Оглас -

Најнови вести