Манчестер сити со 1:0 го победи Челзи во меч кој останува во сенка на тоа што се случи по завршиување на дуелот. Фудбалерите на Манчестер сити заедно со своите навивачи на трибините направија фешта и се израдуваа на титулата во Премиер лигата.
Манчестер сити има 88 бодови од 36 кола и уште пред дуелот со Челзи се знаеше дека е првак, откако Арсенал остана на 81 бодови од 37 средби. На дуелот против Челзи, единствениот гол го постигна Алварез во првиот дел, а и тоа беше доволно за шампионското славје да биде зачинето со уште една победа.
За Манчестер сити ова е деветти пат да е шампион на Англија. Тоа е клубот кој едноставно доминира во последните неколку сезони затоа што ова е нивна трета титула во низа, односно петта во последните шест сезони.