24.8 C
Skopje
четврток, 7 август 2025

Сити го потврди вториот трансфер за ова лето

По Ерлинг Халанд, Манчестер сити денеска го потврди и второто засилвање во летниот преоден рок. Нов член на германскиот првак е германскиот голман Штефан Ортега. Овој чувар на мрежата доаѓа како слободен играч откако му заврши договорот со Арминија Билефелд.

Ортега има 29 години и минатата сезона имаше забележителни настапи, иако неговата Арминија испадна од Бундеслигата. Ортега прими дури 59 гола во 35 меча, односно 1,7 погодоци по натпревар. Иако има многу примено погодоци, сепак тој е вториот по бројот на одбранати удари (дури 128 одбрани) во Бундеслигата. Повеќе одбрани од него имаше само Јан Зомер.

Процентот на одбранети удари му е 73,7 отсто, што е феноменален процент ако се знае каква слаба одбрана имаше пред него. Ортега треба да биде втор голман во Сити.

- Оглас -

Најнови вести