Манчестер сити неочекувано со 0:4 загуби на свој терен од Тотенхем во 12 коло од Премиер лигата. По овој неуспех, Сити остана на 23 бодови пет помалку од лидерот Ливерпул кој утре игра на гости кај фенерџијтата Саутемптон и има шанси да ја зголеми предноста.
За сити ова е трет пораз по ред во првенството, а вкупно петти неуспех во низа во сите натпреварувања. Историски лошата серија започна со поразот од Тотенхем во Лига купот кога во Лондон загуби со 2:1. Потоа Борнмут во првенството запиша историска прва победа над Сити и тоа со 2:1.
Следуваше гостувањето кај Спортинг во Лисабон во меч од Лигата на шампиони и Сити тогаш загуби со убедливи 4:1. Потоа дојде и поразот од Брајтон со 2:1 на гости, а вечерва Тотенхем со убедливи 4:0 победи во Манчестер.
Пет порази по ред му се прв пат на Пеп Гвардиола како тренер, а Манчестер Сити како клуб израмни еден неславен рекорд на Челзи од пред речиси 70 години. Во далечната 1956 година во март, Челзи тогаш како актуелен шампион на Англија, претрпе пет порази едно по друго. Сега Сити е првакот кој има пет неуспеси во низа.
#ManCity have become the first reigning top-flight champions to lose five games in a row in all competitions since Chelsea in March 1956. ❌❌❌❌❌ @OptaJoe
— City Xtra (@City_Xtra) November 23, 2024