21.8 C
Skopje
недела, 14 септември 2025

Сити до астронаутот кој се врати на земјата, дали во вселената го сретна Де Бројне?

Фудбалскиот клуб Манчестер сити преку официјалните профили на социјалните мрежи му го честиташе на американскиот астронаут Даг Харли, успешното враќање на Земјата, и притоа ја искористија можноста да се пошегуваат, величејќи го својот најдобар играч Кевин Де Бројне како вонземјанин.

„Тој е дома. Честитки за Даг Харли, одлично достигнување. П.С. Додека беше таму горе, дали го сретна Кевин Де Бројне?“ – напишаа од прес-службата на Сити.

Харли заедно со Роберт Бенкен после два месеци на мисија во вселената, успешно се вратија на нашата планета и со нивната капсула слетаа во мексиканскиот залив.

- Оглас -

Најнови вести