Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, потврди дека Нејтан Аке ќе биде надвор од терените подолг период поради повреда. Холандскиот дефанзивец започна како стартер во вчерашниот натпревар против Плимут во петтото коло од ФА купот, но беше принуден да ја напушти играта на полувремето.
„Повторно изгубивме централен дефанзивец на подолг период, што е голем удар за нас. Нејтан ќе ни недостига во наредните натпревари. Поради тоа сум многу благодарен што клубот успеа да ги донесе Хусанов и Витор Реис оваа зима. Без нив, нашите шанси за пласман во Лигата на шампионите или за борба во ФА Купот ќе беа многу мали. Ќе беше навистина тешко, бидејќи ќе останевме само со Рубен Дијаш“, изјави Гвардиола.
Покрај Аке, Граѓаните веќе не можат да сметаат ниту на Џон Стоунс и на Мануел Аканџи, кои исто така се отсутни поради повреди.