Сити го здроби Челзи 6:0 и се искачи на врвот во Премиер лигата

Требаше да биде дерби, а на крајот излезе како да е игра на „мачка и глушец“. Манчестер сити со 6:0 го победи Челзи и повторно се искачи на врвот на табелата во Премиер лигата. Уште по првите 25 минути се најави дебаклот на гостите, кога Сити даде дури четири гола. Тоа е прв пат во историјата на Премиер лигата, Челзи да прими четири погодоци за толку кратко време по стартот на мечот. Головите од првиот дел може да ги погледнете ТУКА. 

Во второто полувреме, домаќините имаа повеќе милост, па дадоа само два гола за конечни 6:0. Серхио Агуеро беше најдобар на теренот, постигнувајќи три гола. Два гола постигна Рахим Стерлинг, а еднаш прецизен беше Илкај Гундоган. За Агуеро ова беше 11 хет-трик во Премиер лигата и се израмни со легендарниот Алан Ширер на вечната листа во оваа категорија.

Сити е прв тим по Тотенхем во 1965 година, што успева да даде повеќе од еден гол на 15 средби по ред на домашен терен. „Граѓаните“ со овој триумф покажуваат дека се многу сериозни во обидот да ја одбранат титулата во англиското првенство.

За Челзи ова е најголем пораз во било кое натпреварување по поразот од Нотингем Форест со 0:7 во април 1991 година.

- Оглас -

Најнови вести