Сити граби кон титула, Салах е цар на „Енфилд“

Манчестер сити со 3-0 го порази Вест хем и со деветтата победа по ред направи нов чекор кон нова премиерлигашка титула. Овој меч ќе се памети по тоа што Ерлинг Халанд стана нов рекордер на Премиер лигата по бројот на голови на поединец во една сезона.

Сити дојде до јубилеен илјадити гол во сите натпреварувања откако тренер им е Гвардиола. Од англиските тимови, во овој период втор најефикасен клуб е Ливерпул, кој во ерата на Гвардиола има дадено над 200 гола помалку од Граѓаните.

Ливерпул со 1-0 славеше против Фулам, а стрелец беше Мохамед Салах од пенал. Египќанецот на последните осум меча на „Енфилд“ има учинок од девет гола и три асистенции.

- Оглас -

Најнови вести