16.8 C
Skopje
недела, 20 јули 2025

„Сити груп“ има шест клуба и на сите им ги промени амблемите, а сега на ред се две големи имиња од Европа (Фото)

Шеикот Мансур бин Зајед Ал-Нахјан пред 15-тина години го купи Манчестер сити и го направи најдобар клуб во светот, а „Сити груп“ постојано се ширеше на сите континенти. Тие во моментов ги поседуваат Мелбурн сити од Австралија, Монтевидео сити од Уругвај, Жирона од Шпанија, Ломел од Белгија и Мумбаи сити од Индија.

Она што е интересно, на сите клубови им беа променети амблемите и сега се во форма на круг. Но, планот на „Сити груп“ не е тука да застанат, туку да продолжат да вложуваат. Следни кои треба да се придружат во семејството на Манчестер сити се Истанбул Башакшехир од Турција и Палермо од Италија.

- Оглас -

Најнови вести