Манчестер сити со 3-1 славеше на гостувањето кај Евертон, иако Карамелите за кои се навиваше и во „црвениот дел“ на градот Ливерпул, имаа предност на полувреме.
Фил Фоден со бомба од далечина и Хулијан Алварес од пенал го направија пресвртот, а точка стави Бернардо Силва. Ова беше и дуел на два тима кои се обвинети дека прават прекршувања на финансискиот ферплеј, но засега само Евертон е казнет.
Сега Граѓаните имаат пет бода помалку од лидерот Ливерпул, со тоа што Сити има и еден меч помалку. Во следниот период ќе се вратат Ерлинг Халанд и Кевин де Бројне, затоа и овој тим се смета за прв фаворит за титулата, иако во моментов има негатива.
Од поразот против Астон вила наваму, на сите последни шест меча во сите натпреварувања Сити дава барем два гола.
Ова е голот на Силва за 3-1, по грешката на голманот Пикфорд, кој не се прослави вечерва:
Bernardo Silva Remember the name what a goal.#EVEMCI pic.twitter.com/kDERZUwWHr
— 01FNEWS (@01FNEWS) December 27, 2023