40.8 C
Skopje
петок, 25 јули 2025

Сити и Челзи имаат неверојатно добра серија против денешните ривали

1136 Евертон – Манчестер сити (21:15 ч.)

Манчестер сити во последните шест кола има само една победа, а актуелниот англиски и европски првак вечерва има тешко гостување во Ливерпул против Евертон. Карамелите имаат четири победи во последните пет кола во првенството.

Неверојатна е традицијата кога играат овие два тима, а вели дека Сити има 11 победи и едно реми во последните 12 средби. Евертон последен пат се радувал во јануари 2017 година.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.87)

 

1135 Челзи – Кристал палас (20:30 ч.)

Кристал палас има само една победа во последните 11 кола во првенството (шест порази и четири ремија), па Челзи има вистинска шанса пред своите навивачи, да се врати во победнички ритам. Челзи дома има само три победи во девет дуели.

Дури 12 победи по ред има Челзи во дуелите со овој ривал, а на седум од нив е без да прими гол.

Предлог тип: 1&2-4 (2.60)

 

2863 Андерлехт – Серкл Бриж (20:45 ч.)

Андерлехт е во добар ритам со седум победи и три нерешени во последните 10 средби што ги одигра. Серкл Бриж игра солидно и тоа е тим кој има само едно реми дури во 19 средби сезонава.

На осум од последните 11 дуели на овие два тима имало од 2-3 погодоци и тоа е една реална опција за играње.

Предлог тип: 2-3 гола (2.03)

 

1138 Ренџерс – Рос каунти (20:45 ч.)

Ренџерс е во „мртва трка“ со Селтик за првото место во Шкотска и едноставно не смее  ни да помисли на кикс против ваков ривал. За Рос каунти ќе биде успех ако не испадне од лигата.

Шкотскиот гигант има 12 победи и само две нерешени во последните 14 дуела што ги одигра, па сега треба лесно да стигне до нови три бода.

Предлог тип: 1-1&3+ (1.81)

 

1939 Макаби Тел Авив – Беитар Ерусалим (19:30 ч.)

Убедливо најдобар тим во Израел е Макаби Тел Авив и по 10 кола има девет победи и едно реми. Беитар е во долниот дел од табелата само со 11 бода од 11 натпревари, но факт е дека успеа да го изненади фаворитот и тимот од Ерусалим славеше на последниот нивен меѓусебен дуел со 3:1.

На последните пет од последните шест меѓусебни дуели имало барем четири погодоци, а еден завршил со три гола, што е најава за ефикасна средба.

Предлог тип: ГГ3+ (2.14)

- Оглас -

Најнови вести