Сити и Хофенхајм го играат јубилејниот 100-ти меч меѓу англиски и германски екипи во ЛШ

Манчестер сити во дуелот против Хофенхајм на свој терен вечерва ќе го прослави пласманот во осминафиналето од Лигата на шампионите. За разлика од „граѓаните“, гостите многу веројатно дека ќе се простат од европските настапи за оваа сезона бидејќи се последни во групата.

Иако овој меч нема некое поголемо резултатско значење, сепак има симболика. Тоа е јубилејна 100-та пресметка на англиски и германски тим во Лигата на шампионите. Клубовите кои се од Англија биле многу подобри досега и се радувале 48 пати. Нерешено завршил 21 дуел, а бундеслигашите победиле на 30 средби.

Вкупната гол-разлика е 166:123 во корист на англиските екипи.

 

- Оглас -

Најнови вести