Сити и Лестер за малку не го одиграа најефикасниот меч во историјата на Премиерлигата (Видео)

Манчестер сити го победи Лестер со 6-3 во незаборавен спектакл и најефикасен премиерлигашки меч во историјата на средбите играни на Боксинг деј. Инаку, ако се сметаат и мечевите пред да се формира Премиерлига под тоа име, во 1991 на Боксинг деј на прволигашки меч во Англија за последен пат имало голеада со девет погодоци (Олдам – Манчестер јунајтед 3-6).

Двата тима на навивачите им подарија девет гола, а можеа да го урнат и премиерлигашкиот рекорд од 11 гола на еден меч, ако не беа периодите од 25-та до 55-та минута и од 69-та до 87-ма, во кои немаше голови.

Граѓаните по само 25 минути водеа со 4-0, па Лестер дојде на 3-4, но Лапорт и Стерлинг ја запечатија победата на првакот.

Ефикасно беше и на другите три попладневни мечеви, каде истотака паѓаа три или повеќе голови. Хари Кејн со еден гол придонесе за победата на Тотенхем од 3-0 против Кристал Палас, и тој гол го стави на делба на првото место на вечната листа на стрелци на Боксинг деј.

Саутхемптон славеше кај Вест Хем со 3-2, а Арсенал продолжи да реди победи, овојпат со 5-0 против последнопласираниот Норвич.

Ова е голот на Лапорт за 5-3, со кој беше запрен големиот камбек на Лисиците:

- Оглас -

Најнови вести