Фудбалерите на Манчестер сити и Реал Мадрид ќе одиграат дополнителни 30 минути, можеби и пенали, за да го одлучат последниот патник во полуфиналето во Лигата на шампионите откако и вториот меч од четвртфиналето заврши нерешено, овојпат 1-1 на „Етихад“.
Кралскиот клуб имаше водство од 0-1 со голот на Родриго во 12-тата минута, а комплетната офанзива на Манчестер сити резултираше со гол во 76-тата минута, кога Кевин де Бројне конечно го пронајде патот до мрежата на Лунин.
Баерн Минхен и Хари Кејн ќе имаат можност за трофеј оваа сезона откако со минимални 1-0 го совладаа Арсенал и обезбедија пласман во полуфиналето. Единствениот гол на мечот беше дело на Џошуа Кимих во 63-тата минута, кога постигна фантастичен гол со глава.
Сепак, Баварците ќе почекаат кој ќе биде нивниот противник најмалку уште 30 минути, додека заврши мечот помеѓу Манчестер сити и Реал Мадрид.