6000 Јувентус – Манчестер сити (21:00)
Јувентус и Манчестер сити ќе водат битка за првото место на табелата, а тоа веројатно ќе значи и избегнување на Реал Мадрид во осминафиналето од Светското клупско првенство. Првопласираниот веројатно ќе оди на Ал-Хилал, додека вториот на „кралскиот“ клуб. Сепак, оваа групата се игра од 21 часот, а дури потоа ќе се игра групата на Реал Мадрид, па и „граѓаните“ и „старата дама“ нема да имаат што да бранат и затоа најсигурната опција за овој меч е да се одигра на голови.
Предлог тип: ГГ и 3+ (2.25)
6732 Видад Казабланка – Ал-Аин (21:00)
Марокански Видад Казабланка за противник во последното коло ја има една од најслабите екипи на клупскиот Мундијал, Ал-Аин од ОАЕ, па затоа од нив се очекува со победа да го завршат својот настап на Светското клупско првенство. Едноставно Мароканците покажаа повеќе на ова првенство и загубија со помала гол-разлика од фаворитите Јувентус и Манчестер сити.
Предлог тип: 1 (2.40)
6733 Салцбург – Реал Мадрид (03:00)
Реал Мадрид и Салцбург во директен дуел ќе решаваат за патникот во осминафиналето од Светското клупско првенство. Со реми можеби и двете екипи да поминат, но доколку има победник, тогаш поразениот најверојатно ќе биде елиминиран, иако сите опции се отворени во оваа група. „Кралевите“ се фаворити, но голеадата е најсигурната опција на овој меч.
Предлог тип: ГГ & 1+I & 1+II (1.79)
6734 Ал-Хилал – Пачука (03:00)
За разлика од Реал Мадрид и Салцбург, фудбалерите на Ал-Хилал сами си ја решаваат судбината. Со победа од најмалку два гола разлика над Пачука, со сигурност ќе обезбедат пласман во осминафиналето на клупскиот Мундијал, па за очекување е дека ќе ја совладаат Пачука, екипа која не покажа речиси ништо на првенството во САД.
Предлог тип: 1 & 1+ пол. (1.86)
6204 Шпанија У19 – Холандија У19 (20:00)
Младите селекции за фудбалери до 19 години на Шпанија и Холандија играат во финалето на Европското првенство. Она што е интересн за двете екипи е фактот дека со сите победи стигнаа до големото финале, па за очекување е дека ефикасниот фудбал ќе го преточат во меч на кој „гол-гол“ ќе биде загарантиран.
Предлог тип: ГГ прво / второ (1.72)