Манчестер сити со 4:1 го победи Саутемптон и се пласираше во полуфиналето во ФА Купот.
Момците на Пеп Гвардиола ја оправдаа фаворитската улога и без поголеми проблеми дојдоа до зацртаната цел, за разлика од претходниот меч кога на овој стадион одиграа 1:1 и со тоа му овозможија на Ливерпул да се врати во борбата за титулата.
Рахим Стерлинг отвори во 12-та минута, а Саутемптон израмни пред крајот на првиот дел со автоголот на Ајмерик Лапорт. Но, во второто полувреме следеа головите на Кевин де Бројне (61′), Фил Фоден (75′) и Ријад Марез (78′), за заверка на победата.
Последниот полуфиналист во ФА купот ќе го дознаеме по средбата меѓу Нотингем форест и Ливерпул која што е закажана за 19:00 часот.