Сити има неочекуван јунак, реакцијата на Гвардиола е хит на социјалните мрежи (Видео)

Манчестер сити го победи Тотенхем со 0-2 на гостински терен и сега е лидер во Премиер лигата со два бода предност пред Арсенал. До крајот на првенството Граѓаните треба да играат уште против Вест хем на домашен терен и со победа да дојдат до четвртиот трофеј во низа во Премиер лигата.

Сепак, натпреварот против Тотенхем можеше да има поинаков тек. Во 69-тата минута се повреди голманот Едерсот, а на негово место влезе Стефан Ортега. Кореецот Сон во 86-тата минута излезе очи во очи со резервниот голман на Сити на резултат 0-1, кој излезе како поуспешен, а реакцијата на Пеп Гвардиола стана хит на социјалните мрежи бидејќи Каталонецот во тие моменти падна на тревникот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести