Фил Фоден има договор со Манчестер сити до летото 2027 година, но Граѓаните може да останат без неговите услуги уште во следните неколку дена. Преодниот рок во Саудиска Арабија трае до 23 септември, а екипата за која настапува и Кристијано Роналдо, Ал-Наср, се подготвува за голем трансфер.
Манчестер сити на маса има неверојатна понуда од 130 милиони евра за Фоден, а доколку одлучат да ја прифатат, тој би станал најскапиот англиски фудбалер во историјата.
Иако е тешко да се поверува дека раководството на Сити ќе се одлучи да ја прифати понудата, сепак сумата е далеку над моменталната вредност на Фоден, која изнесува 100 милиони евра.