Традиционално новата сезона во англискиот елитен фудбал стартува до дуелот од Супер купот, односно Комјунити шилд. Во борба за првиот трофеј во новата сезона ќе играат актуелниот првак Манчестер сити, кој го освои и ФА Купот, против Арсенал, екипата која заврши како второпласирана во Премиер лигата минатата сезона.
Според традицијата, Сити е фаворит за победа. Во последните три години, Граѓаните имаат осум победи по ред против овој ривал, а интересно е дека три пати имало 5+ погодоци.
Во овој период од осум средби, на дури четири меча првиот погодок бил постигнуван во првите 10 минути, а на шест средби гол имало во првиот половина час од средбата. Ерлинг Халанд е главен фаворит за стрелец на првиот погодок, а зад Норвежанецот се Алварез, Фоден и Габриел Жезус. Едвард Нкетија е прва опција за погодок на Арсенал, а потоа е Каи Хаверц.
Во Специјалниот сингл на Sport Life секогаш се интересни понудите за тоа кој ќе го изведе првиот или последниот корнер, кој ќе добие прв жолт или црвен картон, дали ќе има пенал и кој ќе ја направи првата замена. Истотака може да се одигра и за бројот на корнер ударите.