Сити има приоритет да потпише нов договор со Халанд

Манчестер сити летово ќе се обиде да потпише нов договор со првата ѕвезда во тимот, Ерлинг Халанд. Голгетерот има уште три години од актуелниот договор со Граѓаните, но постои една клаузула која може да биде опасна за англискиот првак.

Според договорот и клаузулата, Халанд може да си замине од клубот доколку некој клуб понуди 175 милиони евра за да го откупи договорот на Норвежанецот. Затоа со евентуален нов договор, Халанд ќе добие нова многу поголема откупна клаузула која ќе биде тешко остварлива за било кој клуб.

Дополнителен страв е и фактот дека тренерот Пеп Гвардиола најави дека ќе си замине од Сити на крајот од следната сезона, што секако може да биде „иницијална каписла“ за заминување на дел од ѕвездите. Манчестер сити е тимот кој доминира во Премиер лигата и сезонава стана првиот клуб кој успеа четврти пат во низа да биде првак во едно од најсилните првенства.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести