Сити има противник од кого никогаш не загубил, Хајдук 10 меча по ред не знае за пораз против Вараждин (Фото)

1323 Реал Сосиедад – Мајорка (21:30)

Првиот полуфинален натпревар од Купот на Шпанија помеѓу овие две екипи заврши без голови, па Реал Сосиедад со каква било победа денес ќе обезбеди пласман во финалето. Мајорка дури 11 натпревари по ред нема победа над клубот од Баскија, односно уште од 2012 година. На последниот меѓусебен натпревар, Реал Сосиедад победи со 1-2 на гостински терен против Мајорка.

Предлог тип: Т1 2-5  (2.05)

 

1162 Лутон – Манчестер сити (21:00)

Манчестер сити против која било екипа и да игра, секогаш е фаворит. Денес ги очекува дуел од осминафиналето против Лутон, екипа од која никогаш во историјата не загубиле. Вкупно одиграле девет натпревари, а Граѓаните победиле на пет меча и четирипати било нерешено. Во „модерно“ време се сретнале само еднаш, оваа сезона во Премиер лигата, а Манчестер сити победил со 1-2 на гостински терен. Сите останати натпревари помеѓу Лутон и Манчестер сити се одиграни минатиот век.

Предлог тип: Т2 1-3I&1-3II (1.93)

 

1731 Лион – Стразбур (20:45)

Екипата на Лион е во фантастична серија од пет победи по ред, а вечерва ќе играат и во четвртфиналето на Купот на Франција против Стразбур, екипа која на последните три натпревари загуби. Очекувањата се дека сериите на двете екипи ќе продолжат и вечерва и Лион ќе се пласира помеѓу најдобрите четири екипи во најмасовното натпреварување во Франција.

Предлог тип: 1 & Т1 2+ (2.25)

 

3016 Палермо – Тернана (20:30)

Фудбалерите на Палермо се фаворити во дуелот против Тернана, со оглед на позициите на табелата што ги имаат екипите. Палермо има обезбедено плејоф, но сега атакува и на директен пласман во Серија А, додека Тернана е во жестока борба за опстанок во Серија Б. Палермо е во серија од шест натпревари без пораз.

Предлог тип: ГГ и 3+ (1.91)

 

3630 Хајдук – Вараждин (18:00)

Сплитскиот Хајдук е фаворит за пласман во полуфиналето од Купот на Хрватска против Вараждин, екипа од која нема пораз на последните 10 натпревари. Екипата од Сплит на последните четири нема пораз, а на последниот меч гостуваше токму во Вараждин и одигра само 1-1, па денешниот натпревар е одлична можност за одмазда.

Предлог тип: 1-1 & 2-6 (2.02)

- Оглас -

Најнови вести