Манчестер сити успеа да ја преживее смешната „Паненка“ на Рахим Стерлинг најмногу благодарение на голманот Аријанет Муриќ, кој беше извонреден во пенал-серијата против Лестер.
Муриќ, кој е резервен голман на Сити, доби шанса да брани во четврт-финалето од Лига купот на Англија и одбрани дури три удари од белата точка во пенал-серијата.
Фукс, Медисон и Сојунчу не успеаја да го совладаат 20-годишниот голман на гостите, а Зинченко со прецизен удар стави точка за крај на победата на Манчестер сити од 3-1 на пенали.
Во регуларниот дел беше нерешено, 1-1, со головите на Де Бројне за гостите и на Олбрајтон за Лестер. Веднаш се премина на удари од белата точка, а тука имаше ревија на утки. Најголемата е на Рахим Стерлинг, кој се обиде да изведе „Паненка“, но упати удар над голот.
Сепак, за киксот го извади одличниот Муриќ со три одбранети пенали, доволно за плсман во полуфиналето на Лига купот.
Таму е и Бартон по триумфот против Мидлсбро со 1-0 на гостински терен, а се чекаат и победниците од дуелите меѓу Арсенал и Тотенхем, однонсо Челзи против Борнмут.