Сити, Јунајтед и Арсенал на готовс: Ако Барселона не го регистрира Олмо, тој продолжува во Премиер лигата

Топ-тема во европскиот фудбал последните денови од 2024 година беше регистрацијата на Дани Олмо, а разврската треба да се случи во текот на денов, односно најдоцна до полноќ.

Тужбите на Барселона беа одбиени од страна на судот, па сега им преостанува само да обезбедат пари и да го регистрираат Дани Олмо, а единствената опција е продажбата на ВИП-билетите на катарска компанија за 100 милиони евра. Сепак, тоа ќе мора да го реализираат до полноќ, а Ла Лига да ја потврди регистрацијата.

Во спротивно, шпанскиот репрезентативец ќе стане слободен фудбалер, а неговиот агент, Енди Бара, веќе има три понуди на маса за неговиот клиент. Манчестер сити, Манчестер јунајтед и Арсенал на готовс ја чекаат разврската и се подготвени веднаш да го ангажираат Дани Олмо.

- Оглас -

Најнови вести