6703 – Урава редс – Манчестер сити (19:00)
Актуелниот освојувач на Лигата на шампионите, Манчестер сити, е голем фаворит во полуфиналето на Светското клупско првенство против јапонскиот состав Урава редс. Нема сомнеж дека Граѓаните ќе се пласираат во финалето, каде што ги чека Флуминенсе, но за очекување е дека тоа ќе го сторат во голем стил и ќе ја наполнат противничката мрежа за да се извадат од лошата форма во која се наоѓаат во Премиер лигата.
Предлог тип: Т2 1+I & T2 3+ (2.10)
1303 – Атлетико Мадрид – Хетафе (21:30)
Екипата на Атлетико Мадрид има противник по мерка за да се врати на победничките патеки во Ла Лига. Јорганџиите немаат загубено од Хетафе на последните 19 натпревари, односно последен пораз почувствувале во 2011 година, но на гостински терен, додека последната победа на Хетафе во Мадрид е од 2010 година.
Предлог тип: 1 & 1+I&1+II (2.45)
3040 – Наполи – Фрозиноне (21:00)
Наполи и Фрозиноне низ историјата одиграле само девет меѓусебни натпревари. Билансот е седум победи на Наполи и две нерешени средби, последната во 2006 година. Нема сомнеж дека Наполитанците се големи фаворити и ќе се обидат лошиот пласман во првенството да го надополнат со убедлива победа во Купот на Италија над Фрозиноне.
Предлог тип: Т1 1-3I & 1-3II (2.18)
1803 – Борусија Д. – Мајнц (20:30)
На последните пет меѓусебни натпревари помеѓу Борусија и Мајнц, екипата од Дортмунд се радувала на четири средби, а само една завршила нерешено. И според пласманот на табелата, Милионерите се големи фаворити, а тоа треба да го покажат и на теренот со убедлива победа против Мајнц. На последниот првенствен натпревар, Борусија постигна погодоци во двете полувремиња против Лајпциг, па се очекува така да биде и вечерва.
Предлог тип: T11+1&1+II (2.04)
2431 – Политехника Јаши – ФЦСБ (19:30)
Последните седум натпревари помеѓу овие две екипи завршуваат најмалку со три, а најмногу седум погодоци. На 20-те натпревари кои ги одигра екипата на ФЦСБ оваа сезона биле постигнати вкупно 54 погодоци, додека на оние на коишто настапила екипата на Политехника мрежите се треселе двапати помалку. Одличен просек, но и традиција која гарантира ефикасен фудбал и вечерва.
Предлог тип: 1-3I&1-3II (1.91)