18.8 C
Skopje
четврток, 17 јули 2025

Сити ќе ги смачка „чеканите“, Порто ќе даде барем три гола

Вест хем – Манчестер сити (13:30 ч.)

Англискиот првак походот кон одбрана на тронот го започнува од Лондон. Вест хем е противник како за мерак на Граѓаните. Во последните девет меѓусебни средби, Сити доминира и има девет победи во кои има постигнто дури 30 голови. Тоа само покажува со каква леснотија, тимот од Манчестер победува и тоа без разлика дали е на гости или на домашен терен.

Сити ќе биде без повредените Сане и Менди, но и тоа не треба да е проблем да стигнат до трите бода и да продолжи доминацијата на англискиот шампион.

Предлог тип: 2 & 2-4 (2.05) – квота на денот во Sport Life

 

Барнли – Саутемптон (16 ч.)

Дуел на две екипи кои одработија одлично во подготвителниот период, па во последните пет контролни имаат идентичен биланс од по четири победи и едно реми. На тие мечеви беа расположени за погодоци, иако традицијата на меѓусебните средби вели дека на последните пет меча имало вкупно шест гола.

Сепак, сега се работи за старт на сезона, двете екипи ќе сакаат да покажат дека се добро подготвени и со амбиции за добар пласман во новата сезона, па може да се очекува неизвесен дуел, но овојпат да има погодоци.

Предлог тип:1-3 I & 1-3 II (2.10) – квота на денот во Sport Life

 

Жил Висенте – Порто (20 ч.)

Ова треба да биде дуел на кој однапред се знае дека победата е за гостите. Минатата сезона Порто за три бода не стигна до титулата и сигурно нема да дозволи киксови против екипи за кои однапред се знае дека ќе победува. Пред само три дена Порто играше во квалификациите од ЛШ и победнички се врати од Русија кај Краснодар.

За да нема дилеми и драми, гостите треба уште во првото полувреме да го скршат отпорот на Жил Висенте, а до крајот на средбата да гледаме ревија на погодоци.

 Предлог тип: T2 1+I & T2 3+ (2.65) – квота на денот во Sport Life

 

Динамо М. – Зенит (18 ч.)

Дерби во руското првенство. Секогаш е „жешко“ кога Зенит гостува во Москва. Динамо игра дефанзивно и најважно им е да не примат гол, а нападот на Зенит ќе биде вистински тест за тоа. Минатата сезона Зенит на убедлив начин стигна до победата, но загуби на гостувањето кај Динамо со 1:0.

И сега се очекува да нема многу погодоци, па може да се случи и еден потег да биде решавачки.

Предлог тип: Х2&0-2 (2.00)

 

Остенде – Бриж (18 ч.)

Двете екипи имаат максимални шест бода по првите две кола. Бриж има 10 победи во последните 13 меча со овој противник, а головите се како магнет кога играат. На последните шест меча имало дури 24 погодоци, што е просек по четири гола на дуел.

Бриж веќе е во висок ритам, бидејќи игра и во квалификациите од Лигата на шампиони. Играчите на Остенде се полни со самодоверба и очекуваат да покажат дека не случајно започнаа одлично во новата сезона.

Предлог тип: ГГ3+ (1.85)

 

- Оглас -

Најнови вести