26.8 C
Skopje
понеделник, 14 јули 2025

Сити ќе ја зголеми платата на својата ѕвезда и тоа поради стравот Реал да не им ја „украде“

Шпанскиот репрезентативец Родри е еден од главните кандидати за освојување на Златната топка. Тој е фудбалерот кој е меѓу најзаслужните за успесите на Манчестер сити во изминатиов период, но покажа дека е „моторот“ и на шпанската репрезентација која летово стана европски првак на турнирот во Германија.

Во Сити се свесни дека имаат многу вреден фудбалер, кој е на мета на неколку европски гиганти. Реал Мадрид е клубот кој се споменува како најзаинтересиран да го доведе Родри во своите редови.

Токму затоа во Сити веќе размислуваат како да го задржат Родри во своите редови и најавено е дека во најскоро време ќе му биде понуден нов договор според кој ќе заработува двојно поголема плата од тоа што сега го добива. Новиот договор треба да биде на дополнителни три години, а според заработката ќе биде подоброплатен и од Кевин де Брујне и Ерлинг Халанд.

 

- Оглас -

Најнови вести