23.8 C
Skopje
четврток, 10 јули 2025

Сити ќе му понуди нов договор на Халанд со кој сака да ја избрише откупната клаузула

Управата на Манчестер сити планира да му понуди нов договор на Ерлинг Халанд со кој сака да ја тргне откупната клаузула, која изнесува 150 милиони фунти.

Норвежанецот мининатото лето за сума од 51 милион фунти, од Борусија Дортмунд се пресели на „Етихад“ и ги воодушеви сите во своите игри. Халанд сезонава одигра 41 натпревар во дресот на Манчестер сити во сите натпреварувања и постигна дури 48 гола.

Според „Атлетик“, управата на Сити со новиот договор сака да ја тргне клаузулата според која Халанд идното лето може да си замине од „Етихад“ доколку некоја екипа плати 150 милиони фунти. Медиумите шпекулираат дека оваа клаузула беше вметната во договорот поради Реал Мадрид, чиј претседател, Флорентино Перес, сака Норвежанецот да го наследи Карим Бензема.

Засега не се познати деталите од понудата, но „Атлетик“ шпекулира дека Халанд би добил поголема плата. Актуелниот договор на Халанд со Сити трае до 2027 година.

- Оглас -

Најнови вести