Манчестер сити има само две победи на последните 14 меча во сите натпреварувања, а тоа се одрази и на пласманот на табелата не само во Премиер лигата, туку и во Лигата на шампионите.
Пеп Гвардиола на сите прес-конференции се жали дека нема ротација поради голем број на повредени фудбалери, а секако, најголем удар е повредата на Златната топка за 2024 година, Родри.
Раководството на Граѓаните ќе го одврзе ќесето уште во јануарскиот преоден рок и на Гвардиола ќе му донесе две големи засилувања, за кои ќе треба да плати 110 милиони евра. Се работи за хит-напаѓачот од Ајнтрахт Франкфурт, Омар Мармуш, но и за дефанзивниот играч за врска на Аталанта, Едерсон.
Токму позицијата на Едерсон е најдефицитарна во редовите на Манчестер сити поради повредата на Родри и се смета за најголема причина за лошите резултати.