Битката за титулата во Премиерлигата денеска може да промени некои работи, обложувалниците Sport Life во квотите на денот ви предлагаат да играте дека Манчестер сити ќе даде два гола против Палас, додека Ливерпул и Челзи ќе си дадат барем два гола, а во Истанбул ќе има по еден до два гола во двете полувремиња. Како додаток уфрливме по еден дерби меч од француската и белгиската лига.
Кристал палас – Манчестер сити (15.05 часот)
Ова е тест за психолошката стабилност на тимот на Гвардиола. Сити е разнишан по поразот од Тотенхем во ЛШ и мора да мисли на реваншот, а мора да победи против Кристал Палас. Палас е безбеден, има 11 бода плус во однос на зоната на испаѓање. На 22 декември, Палас го шокираше Сити во Манчестер со 3-2, сега е време за реванш.
Предлог тип: Т2 1+I& Т2 2+ (1.80)
Ливерпул – Челзи (17.30 часот)
Последно дерби за „црвените“ сезонава, победата ќе ги донесе чекор поблиску до титулата, но дуелите со Челзи знаат да бидат и болни, и кобни за шампионските амбиции. Традицијата е на страна на Челзи, кој од последните 16 официјални меча против Ливерпул, загубил само два. Ливерпул последната домашна победа над Челзи ја имаше пред дури седум години.
Предлог тип: 1Х & 2-4 (1.95)
Фенербахче – Галатасарај (18.00 часот)
Истанбулското дерби е поинтересно на трибините, а ако и на терен биде возбудливо, тогаш ќе има спектакл. Фенер сезонава е во лоша форма и се бори за опстанок, има само пет бода над опасната зона, но Галата 20 години не знае за победа на „Шукру Сараџоглу“. Победата на ефикасниот Галатасарај ќе го доближи на три бода од лидерот Башакшехир.
Предлог тип: 1-2 I & 1-2 II (2.75)
Генк – Бриж (18.00 часот)
За фановите на Генк, причина за загриженост е податокот дека пет меча (околу две години) не знаат за победа над Бриж. Од друга страна, Бриж на гости кај Генк не славел од 2014 година. И даден и примен гол е честа појава на мечевите на овие два тима кои се главни фаворити за титулата во Белгија.
Предлог тип: ГГ & 3+ (1.82)
Лил – ПСЖ (21.00 часот)
Со поддршка од 50.000 гласни навивачи, Лил ќе се обиде да го совлада ПСЖ и да ја одложи промоцијата на „светците“ за старо-нови шампиони на Франција. Лил е втор, но има 20 бода помалку од тимот против кој имаат седум порази едноподруго во меѓусебните пресметки.
Предлог тип: 2-3 гола (2.07)