Серхио Кун Агуеро постигна нов победнички гол за Манчестер сити што може да значи и нова титула за популарните „граѓани“.
Со помош на технологијата која потврди дека има гол во 63. минута, Агуеро му донесе многу важен триумф на својот тим на гостувањето кај Барнли и повторно е лидер во Премиерлигата.
https://www.youtube.com/watch?v=pvimUc39qJM
Кун упати удар кон голот на Барнли, топката блиску до гол-линијата ја изби Лоутон, но технологијата со помош на часовник, кој дава сигнал за гол, потврди дека е погодок, доволно за победа на фаворитот.
Манчестер сити е во серија од 12 голови, а Агуеро повторно може да биде човекот што ќе го одлучи првакот во Премиерлигата. Тоа го стори во 2012 година, кога погоди против КПР во 94. минута за освојување на пехарот, што Сити го чекаше цели 44 години.