1104 Манчестер сити – Астон вила (21:00)
Како што најави и самиот Пеп Гвардиола, финалето на сезоната за Манчестер сити ќе биде дуелот против Астон вила. Можеби овој меч не е решавачки, но е еден од најважните за пласманот во Лигата на шампионите, не само за Граѓаните, туку и за гостите од Бирмингам. Манчестер сити е петти со 58 бода, еден помалку од Њукасл и минус два од Нотингам форест, додека Челзи и Астон вила се на шестата и седмата позиција со по 57 бода. Две од овие пет екипи ќе останат без пласман во Лигата на шампионите, а Граѓаните со победа ширум ќе си ги отворат вратите за пласман во елитното друштво.
Предлог тип: 1 (1.85)
1310 Барселона – Мајорка (21:30)
Барселона има предност од четири бода пред Реал Мадрид во битката за титулата, па сигурно е дека нема право на кикс на меч како овој вечерниот против Мајорка. Гостите се седми на табелата и до крајот на првенството ќе се борат за излез на европска сцена, но Каталонците и против Селта Виго покажаа дека не се откажуваат дури ни кога имаат негатива од два гола разлика. Дуелот против Мајорка за фудбалерите на Барселона ќе биде и загревање за саботното финале на шпанскиот Куп против Реал Мадрид. Во меѓусебните дуели, Барселона победуваше на последните два, а нема пораз од денешниот противник уште од 2009 година, или на вкупно 17 дуели по ред.
Предлог тип: 1-1 & 3+ (2.20)
1301 Валенсија – Еспањол (19:00)
Екипата за која настапува Столе Димитриевски, Валенсија, долго се бореше да излезе во сигурната зона и да си го обезбеди опастанокот, а сега е на крстосница. Со победа над Еспањол ќе се вмеша дури и во битката за излез на европска сцена, додека со неуспех ќе биде поблиску до долниот дел од табелата и сè уште ќе стравува за опстанокот во Ла Лига. Лилјаците се во серија од седум натпревари по ред без пораз, додека од Еспањол немаат пораз цели четири години.
Предлог тип: 1 (1.95)
1701 Нант – ПСЖ (20:45)
ПСЖ од поодамна е старо-нов шампион на Франција и по 29 меча во Лига 1, сè уште нема пораз. Сепак, Светците не обрнуваат преголемо внимание на одбраната, па често примаат голови, а тоа се случи 27-пати оваа сезона во првенството. Мрежата на ПСЖ се тресеше на последните три меча, а таков беше случајот и на шест од последните седум меча. Слично игра и екипата на Нант, која одигра „гол-гол“ на последните три натпревари.
Предлог тип: ГГ и 3+ (1.94)
1557 Рио Аве – Спортинг Лисабон (21:45)
Спортинг Лисабон треба само рутински да го одработи реваншот против Рио Аве за да се пласира во финалето на португалскиот Куп. Екипата од главниот град на Португалија победи со 2-0 на првиот меч, па домашните фудбалери ќе треба да тргнат на сè или ништо, а тоа е шанса за гостите да дојдат до нова убедлива победа. Спортинг нема пораз на последните 12 натпревари, а на последните девет средби забележа осум победи и само едно реми. Во меѓусебните средби, Рио Аве „сонува“ победа над Спортинг уште од 2019 година, а на домашен терен ги нема победено уште од 2016 година.
Предлог тип: 2 & 3+ (1.78)