Сити конечно победи и се врати на врвот во Премиер лигата, Њукасл го растури Кристал палас (Видео)

Попладневните натпревари од Премиер лигата, слично како и оние во Бундес лигата, завршија со по најмалку три погодоци на секој натпревар. Ефикасното попладне донесе победи за екипите од врвот на табелата Манчестер сити и Њукасл.

Манчестер сити, конечно, после два порази им се врати на победи и многу потешко од очекувањата го победи одличниот Брајтон со минимални 2-1. Алварес во седмата и Халанд во 19-тата минута многу рано донесоа висока предност за “граѓаните“. Сепак, кога се чинеше дека Манчестер сити мирно ќе ја прослави оваа победа, Ансу Фати успеа да погоди во 73-тата минута и да донесе неизвесен финиш на мечот. Со оваа победа Манчестер сити, барем привремено, се врати на лидерската позиција во Премиер лигата со 21 бод, еден повеќе од Ливерпул, Тотенхем и Арсенал.

Резултати:

Бурнмаут – Вулверхемптон 1-2
Брентфорд – Барнли 3-0
Манчестер сити – Брајтон 2-1
Њукасл – Кристал палас 4-0
Нотингем – Лутон 2-2

- Оглас -

Најнови вести