Сити конечно со шампионски блесок, има нов египетски голгетер во Премиер лигата (Видео)

Манчестер сити по подолго време одигра еден меч во шампионски ритам во Премиер лигата. Граѓаните на свој терен убедливо со 4:0 го победија Њукасл во меч кој требаше да биде дерби на 25 коло. Со оваа победа Сити стигна до 44 бодови и се искачи на четвртото место на табелата, додека Њукасл остана на 41 бодови.

Египетскиот напаѓач Омар Мармуш е херојот на Сити. Во период од 19 до 33 минута Мармуш блесна и постигна три гола за убедлива предност на домашниот тим. Победата на Граѓаните беше потврдена со погодокот на Мекати во 84 минута.

Астон вила непријатно беше изненадена на свој терен во Бирмингем откако одигра само 1:1 против Ипсвич. Гостите од 40 минута беа со играч помалку, но први постигнаа гол во 56 минута. Астон вила со голот на Воткинс во 69 минута израмнија на 1:1, но домаќините немаа сили за целосен пресврт.

Во останатите мечеви: Лестер – Арсенал 0:2, Фулам – Нотингем 2:1, Саутхемптон – Борнмут 1:3, Вест хем – Брентфорд 1:1.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести