Сити конечно заигра шампионски и го растури Вест хем, нов кикс на Челзи (Видео)

Манчестер сити конечно заигра шампионски и врза две премиерлигашки победи, откако го совлада Вест хем на домашен терен со убедливи 4-1. Избраниците на Пеп Гвардиола прашањето околу победникот го решија уште во првиот дел, откако најпрво Владимир Куфал во 10-тата минута си постигна автогол, а во 42-рата минута на 2-0 зголеми Халанд.

Норвешкиот репрезентативец во 55-тата минута зголеми на високи 3-0, а Фил Фоден само три минути подоцна стрелаше за 4-0. Почесниот погодок за гостите беше дело на Никлас Фулкруг во 71-вата минута.

Вест хем и после 10 ипол години продолжува да „сонува“ за победа над Манчестер сити, откако последен пат победија во септември 2015 со 1-2 на гости.

Челзи и четврти натпревар по ред не знае за победа во Премиер лигата, па во самиот финиш го испушти водството кое го имаше против Кристал палас. Кол Палмер во 14-тата минута ги доведе „сините“ во водство, но Матета во 82-рата минута погоди и не дозволи пораз за својата екипа.

- Оглас -

Најнови вести