Сити купува и трет Хрват во овој преоден рок!

Манчестер сити летово ги ангажира Матео Ковачиќ од Челзи и Јошко Гвардиол од Лајпциг ова лето, а на пат кон „Етихад“ е уште еден фудбалер. Се работи за младиот, 17-годишен Хрват Леон Лалиќ од екипата на Салцбург. Тој е роден во Австрија, но настапува за младите хрватски репрезентации.

Скаутите на Манчестер сити веќе две години го следеле, а сега и ќе го ангажираат фудбалерот кој е голема надеж на европскиот фудбал. Сепак, тој нема веднаш да настапува за Граѓаните, туку ќе биде испратен на позајмица во филијалата на Манчестер сити, белгиски Ломел.

Лалиќ со фудбал започнал во Австрија Виена, а на 13 години се преселил во Салцбург, кој се обиде да го задаржи, но понудата од Манчестер сити едноставно била тешко да се одбие.

 

- Оглас -

Најнови вести