15.8 C
Skopje
четврток, 10 јули 2025

Сити, Ливерпул и Горица ќе ги продолжат победнички серии

1005 – Манчестер Сити  – Лидс Јунајтед (16:00)

Дуел на најдобриот напад и најслабата одбрана во англиската Премиер лига. Домашните немаат право на кикс во борбата на титулата и ќе ја продолжат серијата без порази која во моментов изнесува 19 натпревари во сите конкуренции. На спортивната страна Лидс игра во крајно лоша форма и на последните пет натпревари освои само еден бод и прими дури 18 погодоци.

Предлог тип: 1 & 4+  (2.15)

 

1008 – Ливерпул – Бренфорд (18:30)

Екипата на Ливерпул се уште се надева дека ќе успее да обезбеди пласман во Лигата на шампионите, а за да остане во трката потребни им се три бодови од денешниот натпревар против Бренфорд. “Црвените“ се во серија од пет победи по ред, а серијата без пораз е седум натпревари. Овие две екипи во историјата имаат одиграно само три натпревари и тие секогаш завршувале со три или повеќе голови, а двапати било и гол-гол.

Предлог тип: 1 & ГГ (2.80)

 

1808 – Вердер Бремен – Баерн Минхен (18:30)

Екипата на Вердер Бремен веќе 15 години сонува да го победи Баерн Минхен. Тие последната победа во меѓусебните дуели ја имаат забележано во 2008-та година кога на гости го победиле Баерн со 5-2. Две години претходно ја забележаа последната победа на домашен терен. “Баварците“ се апсолутни фаворити на овој натпревар, но често овие две екипи знаат да одиграат и гол-гол. Двете екипи се во лоша форма, но Баерн Минхен успева некако да го држи врвот на германскиот фудбал. Вердер е во долниот дел од табелата, но не е загрозен со испаѓање од лигата.

Предлог тип: 2 & ГГ (2.35)

 

3142 – Горица – Славен Белупо (17:00)

Екипата на Горица игра во неверојатна форма и од екипа која веќе беше прежалена и видена како нов хрватски второлигаш, успеа да се издигне и да дојде до сигурната зона. Нивната серија без пораз трае веќе осум натпревари во кои забележаа пет победи и три нерешени. Гостите од Копривница се веќе спасени и не се загозени со испаѓање од лигата, што е убава можност Горица да ги освои бодовите. Последните десеттина дуели помеѓу овие две екипи завршуваат со најмногу три погодоци.

Предлог тип: 1 & 0-3 (2.40)

 

2434 – Фарул Констанца – Рапид Букурешт (20:30)

Екипата на Фарул Констанца е пред сензационално освојување на шампионската титула во романското првенство. За такво нешто потребно им е да освојат три бодови на дуелот против Рапид Букурешт кој е далеку од борбата за титулата. На последните 20 меѓусебни натпревари само двапати имало повеќе од три погодоци.

Предлог тип: 1 & 0-3 (2.35)

- Оглас -

Најнови вести