Манчестер сити на мечот против Кристал палас покажа зошто ја освојуваше Премиер лигата последните четири сезони, но дури откако противникот им даде два гола. Гостите изненадувачки дојдоа до убедливи 0-2 и тоа само после 20-тина минути игра, откако Езе во осмата и Ричардс во 21-вата минута го замолкнаа „Етихад“.
Во продолжение од мечот следуваше „експлозија“ на домашните. „Гражаните“ уште во првото полувреме со два брзи гола на Де Бројне во 33-тата и на Мармуш во 36-тата минута израмнија на 2-2, а во вториот дел постигнаа уште три гола во мрежата на противникот.
Во второто полувреме прецизни за Манчестер сити беа Ковачиќ во 47-мата, Мекати во 56-тата и Орајли во 79-тата минута.
Манчестер сити со оваа победа се зацврсти на четвртата позиција на табелата со 56 бода, еден помалку од третиот Нотингем и шест помалку од второпласираниот Арсенал.