19.8 C
Skopje
среда, 27 август 2025

Сити му го краде планираното засилување на Баерн? Вирц со родителите бил на тајна средба со Гвардиола

Фудбалерот од кого се очекува да го направи трансферот број еден ова лето е Флоријан Вирц. Веќе е јасно дека тој ќе го напушти Баер Леверкузен, а како можни опции се споменуваат Баерн Минхен, Манчестер сити и Реал Мадрид.

Фармацевтите ја одредија цената на 100 милиони евра за екипите надвор од Германија и 150 милиони евра за домашната конкуренција. Се чинеше дека Вирц е најблиску до Баварците, но тешко е за верување дека тие би платиле толкаво обесштетување.

Затоа Манчестер сити е подготвен да ги плати 100-те милиони евра кои ги бара раководството на Леверкузен, а германскиот „Билд“ објавува дека фудбалерот заедно со неговите родители веќе бил во Манчестер на тајна средба со раководството на Граѓаните и со Пеп Гвардиола, па сега токму Манчестер сити е фаворит број еден за неговиот потпис. Граѓаните му предложиле и одлична понуда, според која би заработал 125 милиони евра за пет сезони.

- Оглас -

Најнови вести