Сити му покажа на Арсенал кој е „газда“ во Премиер лигата

Манчестер сити на доминантен начин со 4:1 го победи Арсенал во дуелот на двете првопласирани две екипи во Премиер лигата. Кевин де Бројне е херојот на актуелниот англиски првак постигнувајќи два гола, а имаше и една асистенција за многу важна победа на Граѓаните во трката за титулата.

Де Бројне постигна феноменален гол за 1:0 само по седум минути игра и најави дека домаќините ќе се радуваат на крајот. Пред крајот на првиот дел, Де Бројне асистираше за погодок на Стоунс, а потоа белгискиот репрезентативец повторно се запиша во листата на стрелци во 54-тата минута и веќе беше јасно кој ќе ги освои трите бода.

Арсенал даде почесен погодок во 86-тата минута преку Холдинг, но Сити повторно врати, и тоа овојпат со голот на Ерлинг Халанд во 95-тата минута. За Топчиите ова е четврти натпревар во низа на кој не може да победи (пораз и три ремија), додека Сити реди триумфи.

По 33 одиграни кола, Арсенал е лидер со 75 бода, Сити е втор со 73, но Граѓаните имаат и два меча помалку, што значи дека само со една победа во тие два заостанати дуела ќе ја преземат лидерската позиција.

 

- Оглас -

Најнови вести