Манчестер сити води со 2:0 по првото полувреме против Арсенал во дуел на двете првопласирани екипи во Премиер лигата. Доколку Сити ја задржи предноста во вториот дел, ќе стигне само на два бода зад лидерот Арсенал, но на Граѓаните им остануваат уште два меча плус за доигрување, па затоа тие се водат и како главни фаворити за титулата.
Кевин ге Бројне е вистински предводник на Сити и во првиот дел даде еден гол, а потоа асистираше за погодокот на Стоунс. Во седмата минута, Де Бројне доби една топка на 40-тина метри од противничкиот гол, одлично ја исконтролира топката и со перфектно прецизен шут од далечина го совлада голманот на гостите. Тој погодок може да го видите ТУКА.
Сити продолжи да доминира на теренот, а тоа го крунисаа со втор погодок, и тоа во судиското надополнување од првиот дел. Де Бројне асистираше, а Стоунс погоди за 2:0. Домаќините можеа да постигнат уште некој гол повеќе, а најдобрата шанса за тоа ја пропушти Ерлинг Халанд, чиј удар го одбрани голманот на Арсенал.