Сити на лето ја купува африканската сензација за 70 милиони евра?!

Манчестер сити четирипати по ред ја освојуваше Премиер лигата, но оваа сезона е далеку од борбата за титулата против доминантниот Ливерпул. Избраниците на Пеп Гвардиола играа лошо, но на последните две средби успеаја да победат и колку толку да го поправат впечатокот, но не и да се вратат во борбата за трофејот.

Раководството на „граѓаните“ веќе размислува за следните засилувања, а планот им е да бидат помеѓу најактивните екипи на трансфер-пазарот. Една од желбите на Пеп Гвардиола е хит-напаѓачот на Ајнтрахт Франкфурт, Омар Мармуш. Фудбалерот од Египет игра одлично во Бундес лигата и со тоа го привлече вниманието на Гвардиола, а раководството е подготвено за него да плати 70 милиони евра, што би било фантастична заработка за Ајнтрахт, кој го ангажира во 2023 година бесплатно од Волфсбург.

- Оглас -

Најнови вести