Сити не можеше против лошата традиција на финалистите-дебитанти

Челзи е новиот европски првак, а Манчестер сити ќе мора да чека некоја друга прилика да ги оправда милијардите евра кои изминативе години беа потрошени само за да се стигне до битката за пехарот со големите уши.

Поразот на Граѓаните на „Драгао“ ја продолжи лошата традиција на финалистите-дебитанти во најелитното клупско континентално натпреварување. Имено, Сити е осмиот последоветелен тим кој првпат заигра во големото финале и го загуби.

Ова проклетсво започна со Валенсија во сезоната 1999/00, го продолжија Леверкузен (2002), Монако (2004), Арсенал (2006), Челзи (2008), Тотенхем (2019) и ПСЖ во ланската сезона.

Лошата традиција како да испраќа порака за идните екипи кои никогаш претходно не играле финале во ЛШ – Прво треба да загубиш едно финале, за следното да го освоиш.

- Оглас -

Најнови вести