Манчестер сити може да ги насочи сите сили кон успех во Лигата на шампионите, бидејќи титулата во Премиерлигата е недостижна за избраниците на Пеп Гвардиола.
Барем така вели историјата на англиското првенство, а ниту една екипа не успеала да надомести 14 бодови негатива, колку што по само 16 кола има заостанување Манчестер сити во однос на Ливерпул.
да биде уште полошо за актуелниот првак пред нив е и Лестер со предност од шест бода и осум помалку од лидерот Ливерпул.
Сити направи подвиг лани, кога анулираше 10 бода негатива, колку што заостануваше зад Ливерпул по 20 кола, но втор ваков подвиг би бил за историја во Англија.
Ливерпул го има најдобриот старт во историјата на англискиот фудбал со 15 победи, едно реми и без пораз по 16 кола, а за Сити ќе биде исклучително тешко да се пробие до врвот, бидејќи и Лестер игра феноменално и е екипа со најмалку примени голови, само 10 во 16 рунди.
Во Лигата на шампионите на Сити му оди одлично и по пет меча без ниту еден пораз веќе си обезбеди пласман во следната фаза. Задутре избраниците на Пеп Гвардиола ќе играат на „Максимир“ против Динамо, но и со евентуален пораз ќе останат првопласирани во Ц групата.