Сити нема да му даде шанса на Хардерсфилд

Неизбежните квоти на денот на SPORT LIFE нудат три фудбалски мечеви од Топ 5 лигите во Европа, а ви предлагаме уште два меча од најсилните лиги за комплетирање на понудата. Со мини-анализи ви помагаме при прогнозирањето. Побрзајте, некои мечеви се играат рано попладне.

 

Хадерсфилд – Манчестер сити (14.30 часот)

Ако сака да го задржи чекорот со Ливерпул, Манчестер сити мора да победи на ова гостување. Хадерсфилд на клупата има привремен тренер. Во август во Манчестер, Сити му даде шест гола на тимот од западен Јоркшир. Хадерсфилд дома не победил од 5 ноември наваму, а „граѓаните“ во 2019 знаат само за победи.

Предлог тип: 2-2 & 2-5 (2.15)

 

Вилјареал – Атлетик Билбао (16.15 часот)

Вилјарела е претпоследен на табелата и трите бода му се неопходни. Последната победа во лигата му е на 25 ноември. Билбао нема да биде комплетен, повредени се Адуриз, Рико и Лекуе. Последните три меѓусебни дуели на овие два тима на стадионот „Керамика“ завршија со резултатот 3:1, двапати победија домашните, еднаш славеа гостите.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (2.05)

 

Наполи – Лацио (20.30 часот)

Наполи е фаворит, но ќе биде ослабен со неиграњето на Хамшик, Кулибали, Инсиње и Алан, па затоа Лацио не е без шанси. Сезонава Лацио нема победа против тим од горниот дел на табелата. Меѓусебните дуели на овие два тима на „Сан Паоло“ носат голови, а Лацио не победил во лигашки меч таму десет години. Наполи од 25 ноември наваму нема нерешено.

Предлог тип: 1Х & ГГ (2.25)

 

Шалке – Волфсбург (18.00 часот)

За Шалке, ова е сериозен тест, Волфсбург речиси редовно дава барем по два гола и нема бундеслигашки пораз од 9 ноември. Тимот од Гелзенкирхен е во променлива форма, но на свој терен 10 години нема загубено од Волфсбург. Кој и да победи, ќе напредува за едно до најмногу две места, но и реми може да им биде доволно.

Предлог тип: Х2 & 3+ (4.40)

 

Сент Етјен – Лион (21.00 часот)

Дуел за места на табелата кои водат во ЛШ. Сент Етјен е трети, со два бода повеќе од Лион. Откако го добија Марсеј, сега „зелените“ имаат ново дерби, ривалството со Лион е големо, а навивачите две години чекаат победа над овој ривал. Во минатата сезона, двата меча беа со 0-2 гола, а претходно Лион како гостин победи со 5:0. Хазри од Сент Етјен е во форма, има 10 гола сезонава.

Предлог тип: 0-2 (2.15)

- Оглас -

Најнови вести