Сити нема право на грешка, ефикасни натпревари ќе се играат во Холандија, Словачка и Норвешка (Фото)

1009 Кристал палас – Вулверхемптон (21:00)

Кристал палас со освојувањето на ФА купот си обезбеди место во фудбалска Европа за следната сезона, па мечот против Вулверхемптон нема да има никакво резултатско значење. Во Лондон уште се слави историскиот трофеј, па тоа е можност за ефикасна претстава на двете екипи. На последните четири меѓусебни дуели на овие две екипи имаше најмалку по четири гола.

Предлог тип: 1-3I&1-3II (2.05)

 

1010 Манчестер сити – Борнмут (21:00)

Фудбалерите на Манчестер сити немаат право на кикс против Борнмут на домашен терен доколку сакаат да играат во Лигата на шампионите следната сезона. Граѓаните во моментов се на шестата позиција, но со натпревар помалку од конкурентите, овој денешниот, па со победа ќе се искачат на третата позиција на табелата и ќе бидат во пол-позиција за место во Лигата на шампионите во пресрет на последното коло од Премиер лигата.

Предлог тип: 1 & 1+I&1+II (1.97)

 

1640 Ден Бош – Телстар (20:00)

Ден Бош и Телстар играат меч од квалификациите за пласман во најквалитетната холандска лига. Натпреварите во Холандија секогаш се ефикасни, па така се очекува да биде и на дуелот на овие две екипи, кои во регуларниот дел од првенството завршија на седмото, односно на деветтото место, а сега имаат голема шанса за пласман во повисок ранг.

Предлог тип: 3+ (2.01)

 

3501 Дунајска стреда – Михаловице (20:00)

Екипите на Дунајска стреда и Михаловице ќе се обидат да дојдат до место во Конференциската лига преку плејофот на словачкото првенство. Домаќините завршија на четвртата позиција во разигрувањето за титулата, додека гостите беа седми. Дунајска стреда е фаворит и поради фактот дека победи на три од последните пет меѓусебни дуели против денешниот противник, а по еден меч завршија нерешено и со победа на Михаловице.

Предлог тип: 1 & Т1 2+  (1.76)

 

2830 Стабек  – Мјондален (18:00)

Стабек и Мјондален само пред три дена играа во првенствен меч, а победата им припадна на домашните со убедливи 4-0. Денес истите екипи, на истиот стадион, ќе играат и меч од осминафиналето од Купот на Норвешка. Фаворит повторно е Стабек, а очекувањата се и денешниот натпревар ќе има иста или слична завршница како и нивниот првенствен меч од петокот.

Предлог тип: 1 & 3+ (1.86)

- Оглас -

Најнови вести