Манчестер сити со 1-0 го совлада Вулверхемптон и Граѓаните се искачија на третата позиција на табелата во Премиер лигата и им останаа уште три натпревари за играње во кои би требало да изборат место во Лигата на шампионите.
Стрелец на голот беше Кевин Де Бројне кој ја носеше капитенската лента и го одигра својот претпоследен меч на „Етихад“ како член на Сити и можеби ова му беше последен погодок пред публиката во Манчестер.
Волците имаа две огромни шанси, но не ги искористија.